
Во саботата, во ПО Матејче, од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно богатство, непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и со погоден алат влегле во објектот каде што било извршено копање на подот.
Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква.
Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово.
Се расчистува случајот.