Skip to main content

ОЈО не докажа зошто е убена Вања, а не Миња оти што им менувало на киднаперите кое дете ќе биде грабнато, рече адвокатот на Палчо

Барам Љупчо Палевски да се ослободи од обвинение, побара неговиот адвокат Јовица Страшевски на денешните завршни зборови на одбраната на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој смета дека е нарушено правото на еднаквост на оружјата и дека вакво обвинение ќе падне пред повисоките судови. Според Страшевски, однапред била испишана пресудата уште со првите прес-конференции на МВР и Обинителството.

ОЈО не докажа ни разумно соменние за да го докаже обвинението. Секој човек е невин додека не се докаже. Во ОбвиНителниот акт нека докази темелени на факти. Уште 10 години да се суди нема да се докаже, рече Страшевски пред судот.

Според него, нема докази, нема траги против неговиот клиент.

Уште на првиот прес беше нарушена презумпцијата на невиност, без да се видат доказите. Се создаваше атмосфера на јавен линч, додаде Страшевски.

Тој презентираше видео од 24.11 2023 година во 10 часот и 12 минути, кога бил неуспешниот обид за грабнување на Вања, од пред куќата на Велибор Манев како тој вади лопата од „кангуто“.

Страшевски праша и зошто не е повикано лицето чии траги ги има на телефонот на Панче Жежовски.

За Вања

ОЈО не докажа зошто е убена Вања, а не Миња. Што им менувало на киднаперите кое ќе биде грабнато, или цел биле двете деца? Загубата е голема, но ОЈО не покажа ниту еден доказ. Возењето на возилата не е доказ, а на снимката не се гледа Палевски. Сиситемот „Безбеден град“ е систем за препознавање на возила, а не на лица, рече Страшевски.

Страшевски го коментираше тврдењето на Обвинителството дека Палевски нема алиби.

Што ќе му е алиби кога ОЈО нема докази против Палевски?, праша Страшевски

Поврзани вести