Skip to main content

Несреќа по полноќ кај Порта Македонија – возач со „ауди“ излетал од улицата, автомобилот се запалил

Скопје1

Возач со „ауди а4“ имал тешка несреќа кај „Порта Македонија“. Сѐ се случило ноќеска по полноќ, кога излетал од улицата, удрил во бетонски столбчиња и канделабра, а потоа автомобилот се запалил. Полициските службеници интервенирале и го изгаснале огнот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР за „Скопје1“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Скопје1.мк

Поврзани вести