Skip to main content

Нема притвор за лицето со синиот ранец на Палчо, туку мерки за претпазливост и одземен пасош

По распит отво полиција, судот ги прифатил предлозите на обвинителството и на Зоран Давитков му одреди мерки на претпазливост додека трае истрагата, а згора на тоа му го одзеде и пасошот.

Давитков стана интересен за обвинителството откако вчера обвинетиот Велибор Манев го посочи како лицето што од седиштето на партијата Десна го изнел синиот ранец на Љупчо Палевски во кој наводно се наоѓале моторолите со кои обвинетите комуницирале и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче.

Во меѓувреме биле извршени и претреси на две локации.

-Според исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој е наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени.. – Велат од ОЈО Скопје

Поврзани вести