Skip to main content

Нема повредени во пожарот кој избувна во „бмв“ на автопатот Скопје-Тетово

фото: скриншот ТВ21

Вчера во 17.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на требошки надвозник,
настанал пожар во патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки во движење, управувано од Б.С.(55) од с.Слатино, тетовско.

Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местото извршила екипа при СВР Тетово, соопштија денеска од тетовската полиција.

Поврзани вести