Skip to main content

„Не чувме само за кој педофил пуштија пријава. Јазʼк!“: Митревски бара слобода за шесте „златни деца“ од Битола

Скопскиот адвокат Јанаки Митревски бара да се отфрли пријавата против шестмината битолчани, кои полицијата ќе ги гони за „самовластие“, откако со профил на 14-годишно девојче ловеле педофили.

Битолската полиција уапсила шест златни деца од Битола кои, види богати, ја работеле нивната работа. Креирале лажен профил на 14 годишно девојче и ловеле педофили. И генијалциве ги пријавуваат за Насилство(треба да се докаже) Злоупотреба на лични податоци(кој е оштетен и чиви податоци злоупотребиле?) Неовластено снимање( не постои ова дело сем ако извршител не е државен службеник/орган/безбедносна служба итн или ако не е на јавен простор) и Самовластие( кое забога право што им припаѓа самовласно си го прибавуваат)
Наместо пријава битолската полиција треба да ги части децава, од кои најстариот 22 години а еден е малолетен. Не чувме само за кој педофил пуштија пријава. Јазʼк!
СЛОБОДА ЗА ДЕЦАТА!!!!, вели Митровски.

Поврзани вести