
Контролор во автобус на ЈСП „Скопје“ синоќа бил физички нападнат на подрачјето на Центар од едно машко лице кое немало билет.
Како што се наведува во МВР-билтенот, се работи за С.А.(44) од Скопје, кој синоќа во 19:20 часот случајот го пријавил во СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил во 19:02 часот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.