Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, лани регистрирала вкупно 118 пожари, најголем дел пожари на отворен простор, информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане.
Изминатата 2024, беше предизвикувачка за пожарникарите од оваа општина која зафаќа површина од д 451 километри квадратни.
Имавме три големи шумски пожари кои траеа подолг временски период, каде што интервенираа и припадниците на Армијата, хеликоптери и локални мешани и сите пожарникари како и колегите од соседните општини. На отворен простор бележиме преку 95 интервенции станува збор за стрништа, ридови, изјави командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Пожарникарите интервенирале на седум пожари на куќи, објекти и неколку интервенции на сообраќајни несреќи. Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане има девет пожарникари и две возила, во функционална испрана состојба. Површината која ја покриваат е огромна. Често се случуваат шумски пожари и секогаш интервенираат и припадници на Армијата, полицијата, ТППЕ од соседните Куманово и Ранковце.
Ланските пожари во Рамно, Малотино, Жегљане зафатија мешана шума. Претходните години гореше во Кокино, таму завршија и акциите за пошумување на просторот.
Се надеваме на помал број интервенции. Лани, особено беше тешко по 21 јули сè до крајот на септември, изјави Трајковски.
Во однос на опремата, очекуваат преку различни субјекти да добијат посоодветна опрема. За потребите на двете возила важно им е изградба на гаражи или настрешница.
Опремата ја добивме пред месец дена донација од Центарот за управување со кризи, преку Стопанска банка задоволни сме да им се заблагодарувам на вработените кои помогнаа заедно со општината, а беа вклучени и колегите од Ранковце и Кратово да се надеваме дека во иднина ќе има уште вакви акции каде што ќе се опремуваме и збогатуваме со опрема што е неопходно за противпожарната единица, изјави Трајковски.
За противпожарната единица е важна изградбата на гаража да се заштитат двете возила, едното од 1981 и второто од 1988 година. Пожарникарите велат дека после секоја трета интервенција, поради распространетоста на општината возилата се носат на поправка.