Skip to main content

Му ветил дека ќе среди да положи возачки испит за 1.700 евра, па го измамил

Freepik

На 15.08.2025 во 09:30 часот во СВР Тетово 19- годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен за 1700 евра од Ф.И. од Скопје, кој му ветувал дека ќе му среди да положи возачки испит. Според пријавеното, откако му ги дал парите, Ф.И. не сакал да контактира со него, по што сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Поврзани вести