
Монструозно убиство се случило во Гостиварско, жена била грабната и убиена, а нејзиното тело било најдена во дупка во атарот на гостиварското село Неготино. Засега нема точни официјални информации од Министерството за внатрешни работи кои рекоа дека наскоро ќе излезат со детали, но со информации излезе јавното обвинителство во Гостивар.
Неофицијално во убиството бил вплеткан брачен пар, убиството го извршил, мажот, а што се случило кажала неговата сопруга откако жената била пријавена дека е исчезната. Телото на жената уште не е идентификувано, а претходно била пријавена за исчезната, а според засега непотврдени информации за да се сокрија трагите тие го палеле телото.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место. Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки. По наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот – соопшти Обвинителството.
Што и како се случило се очекува со соопштение за јавност да објаснат од Министерството за внатрешни работи.

Македонски







