Skip to main content

 Момче загина при пад од објект во изградба, му носело јадење на таткото

23-годишно момче од Скопје вчера загинало во трагична несреќа на градилиште кај Бит-пазар, кога паднало од објектот во изградба, на кој дошло за да му донесе јадење на својот таткото-работник, соопшти полицијата.

Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 23-годишниот М.О. од Скопје, кој вечерта околу 20:20 часот починал“, велат од МВР.

Од таму додаваат:

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит-пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“.

Поврзани вести