Skip to main content

Маж вчера бил нападнат од партнерката во ресторан, но се срамел да пријави в полиција

илустрација/архива

Од угостителски објект синоќа во полиција пријавиле напад од жена врз нејзиниот партнер/познаник со кој била во ресторанот. Но, нападнатото лице подоцна не сакало да пријави во полиција.

Ова на денешниот брифинг со новинарите го откри министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, зборувајќи за сите предлог законски измени кои се поднесени во Собранието и со кои ќе се зајакнат и механизмите за постапување во случаи на семејно насилство.

Според Тошковски, кај мажите сè уште останува „срамота“ да пријават физички напад од женско лице, поради страв од стигма, а со досегашните законски решенија, полицијата не може да постапи по службена должност.

Поврзани вести