Skip to main content

Малолетник прегази старец на вело-патека на „Партизанска“ во Скопје

Тешко повреден пешак на велосипедска патека во Скопје, во него удрил електричен тротинет.

Според информациите на МВР, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести