Skip to main content

Лишен од слобода возач од Струга, управувал возило под дејство на алкохол

Freepik

На 13.01.2026 во 01:16 часот на регионалниот пат Р1208, на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Поврзани вести