Skip to main content

Кучиња скитници нападнале двегодишно дете во Битола, со тешки повреди пренесено на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје

Илустрација

Двегодишно дете од Битола кое било нападнато од кучиња скитници во близина на семејната куќа, со тешки повреди донесено во болница.

Како што информираат од МВР, вчера (06.02.2026) во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници.

Детето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Поврзани вести