Skip to main content

Кривична за полицаецот кој беснееше во ноќен клуб во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола – вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.
Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Поврзани вести