Skip to main content

Кривичен суд донесе одлука: Напаѓачот на Арсовска веќе е во притвор во Шутка

Сулејман Љамалари – Командант Барути кој ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Ова доаѓа откако обвинителството поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, па затоа донесе решение дека жалбата е основана и мерката куќен притвор му ја замени со мерка притвор.

„Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка“, стои во одлуката на кривичниот суд.

По доставеното решение, од надлежната Полициска станица, судот добил известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје.

Поврзани вести