
Големиот пожар синоќа беснееше кај Струмица на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница, каде беа загрозени куќи.
Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа пожарникарите од ТППЕ Струмица со поддршка на пожарникари од Радовиш, Валандово, Гевгелија успеаја за максимално брзо време да го локализираат пожарот, без да има изгорени куќи или човечки жртви.
Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка. Треба да бидеме одговори граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи“, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Причина за пожарот е запалено стрниште, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.