Skip to main content

Коцевски: Се проширува истрагата за пожарот во Кочани, се приведуваат уште седум полициски службеници

МИА

Истрагата за пожарот во Кочани се проширува на уште седум полициски службеници, изјави јавниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју на „Топ тема“ на телевијата Телма.

На 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани која работела со фалсификувана лиценца загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Во однос кои се тие полициски службеници и што се дел од истрагата, јавното обвинителство за дел веќе има отворено истрага, меѓутоа еве ќе кажам во моментов, ми јавуваат, дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител,а потоа иј пред судија на претходна постапка“, истакна Коцевски и додаде дека истрагата се проширува.

Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се искачи на 14 лица, бидејќи пред скоро месец беа приведени други седум полицајци од Штип и Кочани. Засега, истрагата се води за едно кривично дело, а тоа е предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.

Досега бројот на осомничени во истрагата беше за 45 физички и три правни лица. Сите, вклучувајќи ги и претходните 27 физички лица и трите фирми, се товарат за „Тешки дела против општата сигурност“.

Поврзани вести