Skip to main content

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет

МВР

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет.

Како што попладнево појаснија од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:25 часот на улица „Западен булевар“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода лицето М.М., на возраст од 42 години.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки со брзина од 96 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час, информираа од МВР.

Поврзани вести