
На 21.07.2025 во 10.45 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од скопско пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 268.680 денари. Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски и се претставило како сопственик на градежна фирма од Кочани, кој сакал да има соработка и да порачува градежни материјали од неговата фирма во скопско.
Откако во неколку наврати му бил испорачан материјалот и уредно направена фактура, друго лице, кое се претставило како пријател на лицето од Кочани, му упатило закани по телефон, а подоцна и во неговата фирма во скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.