Skip to main content

Инцидент во Центар: Го истепал и му скршил ретровизор по кавга околу сообраќајот

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.10 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, кое му го искршило ретровизорот од неговото патничко возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.