
Суштината е дека мораме да ги доставиме до граѓаните сите оние докази кои што би требало да ги убеди дека навистина го сториле сообраќајниот прекршок, објасни министерот Панче Тошковски. Тој вели дека има измена од претходниот закон за проектот „Сејф Сити“ со цел граѓаните веднаш да го признаат прекршокот што го сториле.
Тошковски е јасен кои прекршоци ќе се констатираат.
Брзина над дозволеното, поминување на црвено, погрешно паркирање и запирање и нерегистрирано возило. На фотографиите нема да се гледа совозачот, ќе биде замаглен, небитен е кој е совозачот туку е битен возачот, објасни министерот на Сител.

Македонски




