Skip to main content

 Еден загинат и тешко повреден тинејџер во директен судир на експресниот пат Штип – Велес

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид  направила  екипа на СВР Штип, потврдија за МИА од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Како што информираат за МИА од  Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.

Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.

По укажаната прва медицинска  помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.

Поврзани вести