Skip to main content

Еден возел 62 над дозволеното, други двајца пијани- уапсени тројца возачи

Во текот на вчерашниот ден и денеска по полноќ полицијата апсеше возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, како и возачи кои возеле пребрзо.

– На 18.08.2025 во 23:20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода С.С.(58) од Гостивар. Претходно, тој управувајќи патничко возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Ќ.С.(61) од Гостивар. При преземање мерки во врска незгодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.

– На 19.08.2025 во 00:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Д.(39) од Штип. При сообраќајна контрола, полициски службеници запреле патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,55 % промили алкохол во организмот.

– На 18.08.2025 во 18:15 часот на улица „Корчуланска“ во Ресен, при контрола на патниот сообраќај, полициски службеници констатирал дека С.М.(24) од Ресен управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 102 километри на час на место каде брзината е ограничена 40 километри на час.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

Поврзани вести