
Ноќва во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишија од слобода Е.У. (22), кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга од Тетово.
Таа, во присуство на социјален работник, пријавила дека нејзиниот сопруг Е.У., со кого не живеат заедно, околу 21:00 часот дошол во нејзиниот стан, упатувал навреди и без нејзина согласност го зел нивното тримесечно бебе. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Македонски


