Skip to main content

Дивјаци тинејџери уапсени по потера и пукање во тетовско

Вчеравечер во 20.25 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Нераште, А.И.(18), Е.Б.(21) и тројца малолетници, сите од с.Доброште.

Претходно, А.Ј.(22) и Ф.М.(18), двајцата од с.Одри, тетовско, пријавиле дека на 22.05.2025 околу 23.00 часот на регионален пат с.Јажинце- Тетово, додека се движеле со патничко возило „бмв” со тетовски регистарски таблички, лицата со две возила им го блокирале патот, а откако побегнале биле следени и притоа слушнале истрели од огнено оружје.

По преземени мерки кај с.Пршовце е пронајдена чаура од испукан куршум, а лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани вести