Шеснаесетгодишно девојче вчера околу 9.40 часот во семејниот дом во Пробиштип, по претходна расправија меѓу родителите го нападнала и нанела убодна рана на својот 46 годишен татко И.А, соопшти преку писмено соопштение Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип.
Во него се вели дека тој бил пренесен во Здравствен дом- Пробиштип каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа.
Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР-Штип