Skip to main content

Деветмина приведени по ноќна тепачка со ножеви на крстосница во Кичево

Девет лица се приведени по масовна тепачка што ноќеска се случила на Осломешка крстосница во Кичево, информираат од полицијата.

Инцидентот избувнал околу 01:30 часот, кога дошло до физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети. Во тепачката две лица се здобиле со расекотини и други повреди.

Полициски службеници интервенирале и неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, привеле деветмина учесници – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево.

– Полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д.А.(20) од Прилеп, С.Џ.(27) од Прилеп, С.Џ.(19) од Прилеп, Д.Р.(31) од Прилеп, Д.М.(18) од Битола, Е.М.(26) од Битола, М.Х.(22) од Битола, Ј.Х.(19) од Битола и Р.Х.(34) од Кичево, информираат од МВР.

По целосно расчистување на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести