
Седумнаесетгодишно момче денеска попладне доживеало струен удар додека било качено на цистерна вагон во скопската населба Кисела Вода.
Од МВР велат дека по инцидентот вагонот се запалил, а момчето кое било од Волково, било пренесено во Ургентниот центар.
Засега официјално нема информации за причините за несреќата.
Слични инциденти со тинејџери качени на вагони имаше и во минатото, а дел завршија и со фатални последици, откако наводно на вагоните снимале Тик-Ток видеа.