
Адвокатот Маријан Витановски на денешното рочиште побара да се повика вештакот од Велес, Јасмина Трајковска за пред судот да каже од кое оружје припаѓаат чаурите од куршутите со кои е убиен велешанецот Панче Жежовски.
Бараме вештакот пред судот да потврди дали тие куршуми се од пиштолот кој го поседувал обвинетиот Боре Видески, побара Витановски.
На претходното рочиште полицаецот од Велес кој бил задолжен за истрагата околу убиството на Жежовски потврди дека од домот на Видески се пронајдени куршуми за калибар 9 мм, но не и пиштолот што со дозвола го поседувал Видески.