
Активни се пет пожари на отворен простор заклучно со 21 часот, од вкупно 22 регистрирани денеска. Еден е ставен под контрола, еден е локализиран, а 15 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Има активни пожари во општините Прилеп, с. Бешиште (приземен во мешана шума), Македонски Брод, с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки), Чашка, под Солунска глава – изворите на Бабуна и Бабина дупка (чад во карпест дел, шумски пожар), Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација) и Сарај, с. Љубин (ниска вегетација и борова шума).
Под контрола се пожарите во општините Ѓорче Петров и Карпош, во населба Геге и болницата во село Бардовци (ниска вегетација), а локализиран е пожарот во Градска депонија Делчево.