
Четири постари тинејџери заработија кривична пријава за тепањето и малтретирањето на малолетно девојче, кое се случи овој февруари во скопски школски двор.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје, М.Ј.(18) од Битола и еден малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Р.Ѓ.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“. На 05.02.2025 во кругот на средно училиште во Скопје, второ и третопријавениот физички нападнале малолетничка, четвртопријавениот ги поттикнувал, додека првопријавениот снимал со мобилен телефон, а потоа и го одзеле нејзиниот телефон, велат од МВР.