Skip to main content

Битолчани фатени при купување на дрога

 Двајца млади битолчани биле фатени при купопродажба на дрога, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во градот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Битола ги лишиле од слобода М.Д. и В.М., на возраст од 24 и 29 години, двајцата битолчани. Околу 19 часот, тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, што била пронајдена и одземена, појаснуваат од МВР.

Подоцна, со наредба на Основен суд – Битола, бил извршен претрес во домот на В.М., при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни апоени, како и мопед за што постои сомнение дека е предмет на кривично дело.

– По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнуваат од МВР.

Поврзани вести