Skip to main content

Безживотно тело извадено од Вардар во Аеродром

Безживотно женско тело денеска било извадено од реката Вардар во близина на мостот Близнак, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

– Денеска (28.01.2025) околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести