Skip to main content

Бил пријавен за исчезнат, а вчера неговото тело е пронајдено во Вардар

Скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат пред два дена е пронајден безживотен во реката Вардар во близина на Гази Баба.

На 25.08.2026 во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријави дека се оддалечил од домот, соопштија од полицијата во дневниот билтен. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Поврзани вести