Skip to main content

Автомобил се судрил со мопед во Скопје, возачот избегал и го оставил тешко повредениот моторџија

Уште еден скопски возач избегал од местото на сообраќајна несреќа вчера, откако се судрил со мопед чијшто возач е тешко повреден, соопшти полицијата.

„На 16.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 10:30 часот на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(50) од Скопје и патничко возило, по што возилото го напуштило местото. Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Поврзани вести