Skip to main content

91-годишна скопјанка измамена за 300 илјади денари: И кажале дека внукот и снаата згазиле дете!

На 07.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 91-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината снаа сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести