
Вчера во 15:00 часот во Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.П.(34) од Градско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 55-годишен татко дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и му се заканувал на неговиот татко.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,35 промили алкохол во крвта, велат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски


