
Ноќва 01.38 часот во Делчево на улицата „Кеј на ослободување“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Џ.(19) од село Разловци, делчевско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Крајслер“ со странски регистарски ознаки, што го управувал А.Џ. и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,96 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан е во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“, сооптши МВР.