Skip to main content

19-годишник од Кавадарци со тротинет се судрил во „фолксваген“, тешко е повреден

Илустрација

Тинејџер е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци.

На 31.05.2025 во 19.55 часот, во ОВР Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во Кавадарци, случена е сообраќајна несрека во која пешак-малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, удрил во патничко возило „Фолксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(19) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во општа болница Кавадарци, соопштија од МВР.

Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани вести