Skip to main content

Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат само врз основа на реално измерените податоци од струјомерите

Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат само врз основа на реално измерените податоци од струјомерите. Бараат бришење на член 31 од Правилата за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја и укажуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реалната потрошувачка. 

Со новата претставка до Регулаторната комисија за енергетика укажавме дека оваа одредба повеќе нема правна основа, бидејќи уредува прашање што сега е јасно дефинирано во Законот и тоа на поинаков начин. Укажавме дека со тоа се крши хиерархијата на правни акти, велат од Здружението на инженери.

Оттаму бараат итно носење на новите Правила за снабдување, забрана за издавање на сметки врз основа на проценка кога струјомерот е исправен и Регулаторната комисија за енрегетика да го обврзе ЕВН на целосно почитување на Законот за енергетика. Во случај на продолжување на прекршувањата, од Здружението бараат иницирање на постапка за раскинување на договорот за приватизација на дистрибуцијата од 2006 година.

Поврзани вести