Skip to main content

Вртоглав пад на биткоинот за една недела

Цената на биткоинот (BTC) денес падна на 90.000 долари, достигнувајќи ниво од околу 91.600 долари. Ова претставува значителен пад од приближно 12% во споредба со вредноста од 103.000 долари забележана пред една недела кога уште се тргуваше на повисоки нивоа од над 102.000-103.000 долари.

Според податоците од главните берзи, цената на биткоин  денес се движи меѓу минимум од 89.673 долари и максимум од 92.228 долари. Ова е продолжение на негативниот тренд што започна во средината на неделата, кога биткоинот избриша значителен дел од добивките на инвеститорите од октомври, кога достигна врв од над 126.000 долари. Reuters навестува дека овој пад сигнализира загуба од речиси 30% од годишниот пик кога цената беше највисока.

Аналитичарите предупредуваат дека овој тренд може да продолжи ако не се појават позитивни сигнали од Федералните резерви или зголемен институционален интерес. Сепак, долгосрочните инвеститори гледаат можност за обнова, нагласувајќи ја историската отпорност на биткоин по вакви корекции.

Во наредните недели, биткоинот се очекува да се движи во тесен опсег, на ниво од 94.000 долари, според JPMorgan. Според анализите од експерти, главна причина што го предизвикаа овој тренд е намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви. Ова ги поттикна инвеститорите да се повлечат од ризичните активи како криптовалутите, во корист на сигурни средства како обврзници. Голдман Сакс предупреди дека САД може да доживеат најголем пад во вработувањето од 2020 година, што дополнително ја зголеми паниката.

Етериум (ETH) денес се соочува со остар пад, достигнувајќи цена од околу 3.063 долари што претставува дневен губиток од 5,53% и неделен пад од речиси 17% во однос на вредноста од 3.583 долари забележана пред една недела. Овој тренд на корекција го одразува поширокото слабеење на крипто-пазарот.