Skip to main content

Во првите два месеца од годинава Македонија има трговски дефицит од 605 милиони евра 

Царина

Во првите два месеца од годинава од Македонија се извезени стоки во вкупна вредност од 75.650,4 милиони денари или 1,229 милијарди евра што е за 1,6 отсто повеќе отколку во истиот период во 2024 година. Во јануари и февруари годинава во земјава, пак, вкупно се увезени стоки во вредност од 112.862,3 милиони денари или 1,834 милијарди евра, што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Со тоа трговскиот дефицит во првите два месеца од годинава изнесува 37.211,8 милиони денари или 604,7 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз е 67 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Наш најголем трговски партнер е Германија, по што следат Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.