
„Деглобализација, нова економија или нов меѓународен поредок?“, тоа беше темата на дискусија во рамки на панел-дискусијата што во организација на Здружението на финансиските пазари на Македонија се одржа во Охрид.
Маја Стевкова Штериева, претседателката на Македонската берзанска асоцијација посочи дека за глобализацијата не само што се повеќе се расправа како за прашање на јавна сцена, туку тука сега веќе се разговара за мултипоалиразција, деглобализација, затворање на пазарите, за царински мерки…

Ова што се случува со царините воведени од САД, по со нивното одложување за 90 дена, го прави светот 90 дена заложник. Крајната неизвесност што постои во светот во голема мерка влијае врз активностите на носителите на економските и на монетарните политики…рече таа.
Штериева говорејќи за начинот на како македонското стопанство треба да се носи во такви услови на неизвесност истакна дека тоа најмногу ќе зависи од вмреженоста на домашните економски чинители со останати компании, нивниот извоз, врските со ЕУ…
Многу повеќе зависи како тие пазари ќе функционираат, во која насока ќе се одвива трговската размена…Би рекла дека многу ќе зависи како нашите главни трговски партнери ќе реагираат, пред се Германија. Доколку во Германија има рецесија и намалување на нарачките, секако тоа ќе се одрази врз македонската економија, посочи таа.
Професорот на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ Борче Треновски од своја страна истакна дека македонската како мала и отворена економија е особено чувствителна на вакви глобални економски финансиски шокови, и оттаму потребата од вакви дискусии, панели, форуми на кои би се детектирале правците на движење на промените и согласно тоа кои би се утврдиле каналите на трансмисија на глобалните шокови врз националната економија, па и мерките за нивно анулирање.
Тука сме за да ги утврдиме мерките за подготовка за периодот што доаѓа, да се направи и преструктуирање бидејќи глобалните промени отворааат и други можности. Не можеме да спречиме ефекти врз домашната економија, но колку подобро се прилагодиме се, на среден рок би можеле да излеземе со подобра економска состојба. Преструктуирањето отвора и нови можности за привлекување нови инвеститори, настап на нови пазари…Како исклучтелно важна во овој период ја сметам економската дипломатија, рече тој.
Ванчо Узунов, професор на УКИМ, пак лично смета дека светските економски преструктуирања се од привремено нарушување на состојбите, дека она што се нарекува деглобализација е повеќе своевидна забавена глобализација, раѓање на мултиполарен свет со повеќе економски центри.

Во последно време промените во светски рамки се особено изразени. Одговорот на мала економија како македонската, сега е мошне едноставен. На Македонија дефинитивно и требаат структурни реформи, она што го зборуваме 30 години, и прилагодување на регулативата согласно условите на ЕУ. Во економска смисла, од новите големи играчи, наш стратешки партнер не се ниту САД ниту било кој друг освен ЕУ. Тоа би бил најдобриот рецепт за нас – не формален туку суштински аспект на економските реформи, рече Узунов.
фото: МИА