![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/vasko-dimitar-kovacevski-rek-bitola-960x640-1.jpg)
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека низата погрешни политики на СДСМ ја откочија спиралата на раст на цените од кои граѓаните и ден денес ги трпат последиците.
Класично лицемерие и уште еден од низата на обиди за манипулација со граѓаните од истата СДС која ги осиромаши граѓаните и го уништи животниот стандард.
СДС го зголемија ДДВ на прехранбени производи од 5% на 10% и денес апсурдно е да сугерираат за намалување на истото.
Eнергетскиот сектор во Македонија во време на СДС беше на дното, СДС народните пари ги трошеле недомаќински“, се вели во реакција н ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дек СДСМ нема право да зборува за енергетика кога во време на СДСМ фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртеа милионски суми во енергетскиот бизнис.
Единствен проект во енергетиката на СДС беше тоа што сопругата на Ковачевски доби државно земјиште за фотоволтаици од неговата влада.
Матните тендери и милионски грабежи во енергетскиот сектор од страна на СДС се чувствуваат и денес.
Во однос на сметките за струја Регулаторна комисија ги повика сите домаќинства кои добиле повисоки сметки за струја да поднесат приговор во ЕВН поради корекција.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на странски инвестиции во енергетскиот сектор.
Уште во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави ветерен парк кој ќе се гради на тромеѓето на Штип – Радовиш- Карбинци- инвестицијата која ќе достигне до 500 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ работи во насока Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор, преку низа на мерки и проекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.