Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, лицемерно се небаре загрижени за животот на граѓаните

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираатдека Венко Филипче од СДСМ, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело лето го поминаа по грчките плажи на скапата јахта, лицемерно се јавил небаре загрижен за живејачката на граѓаните.

Филипче не сака Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, да се градат дата центри, хидроцентрали, рудници а од друга страна подобар живот.

Се спротивставуваат на се што значи економски развој, а сакаат повисоки плати. Не може сите да живеат од бизнисот со марихуаната, како струмичкиот клан и пријателите на Филипче, некој мора да живее и од други економски гранки, за кои тие се против“, велат од ВРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваа каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, веднаш се јавува.

Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива.

Исто така, Венко Филипче и СДС ги нема никаде и кога реализацијата на капиталните инвестиции, како што се изградбата на автопатските коридори, и растот на градежништвото се големи“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата веат дека иако од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, десет квартали последователно економијата расте во просек од 3 или над 3%, а кој во вториот од годинава достигна 4,3%, Филипче и СДС пак ги нема збор да кажат.

А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина.

Тоа што останува да им порачаме на СДС, Филипче и неговите другари, колку сака може да им смета развојот и да ликуваат на неуспех на државата, Македонија ќе се развива, во Македонија ќе доаѓаат инвестиции, економијата ќе расте и граѓаните подобро ќе живеат.

Дополнително, патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата“, с евели во реакцијата а ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositpusulabetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet Girişcasibomholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritkingholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobet