
Жена е тешко повредена откако вчера во неа удрил електричен тротинет управуван од женско лице, кое веднаш избегало.
Како што соопшти МВР, вчера во 06:40 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена Е.Д.С.(31) од населба Илинден.
Според пријавеното, на бул.„Koчо Рацин“ во Скопје таа била удрена од електричен тротинет, по што женското лице кое го управувало тротинетот го напуштило местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонски


