Skip to main content

Вицепремиерот Николоски на средба со Даути: Пријателството со Велика Британија ни носи бенефит за домашната економија

Facebook/Aleksandar Nikoloski

Стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство е потврдено со економската и политичка соработка, истакна вицепремиерот Николоски на средбата со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Владата на Обединетото Кралство.

Тој ја потенцираше економската соработка и инвестициите како клучен сегмент во зацврстување на пријателските односи меѓу двете змеји.

Билатералните односи продолжуваат на највисоко ниво, со посебен акцент на унапредувањето на трговска соработка, особено во делот на инфраструктурниот сектор. Можноста за унапредување на економските односи, вицепремиерот Николоски ја истакна во нови инвестиции и реализација на капиталните проекти.

Говорјеќи за планот за економски развој на земјата, вицепремиерот потенцира дека инвестиционите проекти предвидуваат економски раст и развој за Македонија и за цел регион, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори, како предуслов за раст на националните економии.

На средбата се разменија и искуства и практики во делот на примена на нови технологии, примена на нови системи во железничкиот и патничкиот сектор.

Вицепремиерот Николоски исто така на средбата го потенцираше и стратешкото партнерство во рамките на НАТО Алијансата, истакнувајќи дека Македонија како полноправна членка покажува високо ниво на безбедност, што е клучен сегмент во привлекување на нови инвестиции.

Денешната средба е дел од официјалната посета на високо ниво на Обединетото Кралство од страна на делгацијата предводена од вицепремиерот Александар Николоски.

Поврзани вести