Skip to main content

Македонија правеше тешки отстапки, но правилата не смеат да се менуваат во текот на процесот

Македонија повеќепати правеше тешки компромиси и отстапки во име на мирот, соработката и европската интеграција, но довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска, порача претседателот на Владата од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во обраќањето на Генералната дебата на 81. заседание на Генералното собрание на ОН, премиерот предупреди дека довербата во меѓународниот систем е загрозена затоа што сè повеќе луѓе оправдано чувствуваат дека правилата не важат еднакво за сите.

Постои впечаток дека моќта понекогаш добива предност пред принципите, дека преземените обврски се условни и дека договорите траат само додека интересите на помоќните страни остануваат непроменети. Таквиот свет, нагласи премиерот, е особено опасен за малите држави.

Тој потсети дека македонската историја покажува колку меѓународните компромиси можат да бидат тешки и колкава политичка храброст и жртва се потребни за да се зачуваат мирот, стабилноста и интеграцијата.

– Ако некој сака да види пример за земја што повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право, доволно е да погледне во поновата историја на мојата земја – рече премиерот.

Поновата македонска историја, како што посочи, е обележана со безбедносни предизвици од регионални размери, постојани компромиси и отстапки направени во име на повисоките цели на мирот, соработката и интеграцијата.

Цената на тие одлуки честопати била најосновното чувство на македонските граѓани за достоинство и правда.

Македонија донела навистина тешки одлуки и продолжила да се движи напред и тогаш кога процесите траеле подолго отколку што една цела генерација граѓани можела разумно да очекува.

Токму поради тоа искуство, порача премиерот, земјата денес има право да бара еднаква примена на правилата и почитување на преземените обврски.

-Довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска – нагласи тој.

Ако од малите држави се очекува да ги почитуваат правилата, тогаш тие правила мора и ним да им обезбедат предвидливост. Ако од кандидатите за членство во одредена организација се бара да исполнат конкретни критериуми, тогаш исполнувањето на тие критериуми мора да води кон напредок.

Истото важи и за институциите. Ако од граѓаните се очекува да им веруваат, тие мора да покажат дека нивниот збор има вредност и дека преземените обврски не се менуваат во зависност од политичките интереси.

Правилото што важи денес, порача премиерот, не може утре да биде променето само затоа што се променил односот на силите. Преземената обврска не смее да биде привремена политичка погодност, туку основа врз која луѓето ќе можат да ја планираат својата иднина.

Од македонските граѓани се бара да веруваат во соработката, добрососедските односи, компромисот и заемната почит. Им се кажува дека трајниот мир е повреден од краткорочната политичка победа и дека почитувањето на договорите е знак на сила и мудрост, а не на слабост.

Им се објаснува и дека европската и евроатлантската интеграција значат прифаќање правила што важат еднакво за сите.

Но таквиот аргумент, предупреди премиерот, станува сè потежок за одбрана кога граѓаните гледаат дека во меѓународните односи принципите понекогаш ѝ отстапуваат место на моќта, дека критериумите се менуваат додека процесот веќе трае и дека од едни држави се бара доследност што другите не ја бараат од самите себе.

– Не можеме да им велиме на луѓето да им веруваат на правилата кога гледаат дека тие не важат еднакво – порача премиерот.

Не може да се очекува граѓаните да веруваат дека компромисот е доблест ако по секој направен компромис следува ново барање. Исто така, не може да се очекува доверба во меѓународните институции ако луѓето почнат да веруваат дека нивната судбина повеќе зависи од политичката тежина на нивната држава отколку од силата на заеднички прифатените принципи.

Според премиерот, ова веќе не е само прашање на политичка неправда, туку и прашање на легитимитетот на целиот меѓународен систем.

Авторитетот на избраните лидери не произлегува само од функцијата, туку од граѓаните што ги избираат, бараат од нив одговорност и секојдневно го споредуваат она што им се кажува со она што го гледаат во реалноста.

Затоа политичарите не можат бесконечно да бараат доверба во правила и институции што не покажуваат еднаква доследност кон сите држави.

Премиерот нагласи дека вредностите не се одржуваат само со говори, туку со нивна одбрана токму во моментите кога политички е најлесно да бидат напуштени.

Во време кога центрите на моќ се поместуваат, а технологијата, економските односи, безбедносните доктрини и сојузите брзо се менуваат, постои опасност правото да ѝ се приспособи на моќта, а вредностите да бидат прогласени за непрактични.

Но токму во такви времиња, порача премиерот, правилата и принципите се најпотребни.

Ако светот се откаже од правилата што го штителе во периодите на стабилност, нема да добие поголема слобода. Ќе добие поредок во кој секоја одлука ќе зависи од тоа кој располага со поголема моќ во дадениот момент.

– Таков свет е особено опасен за малите држави – предупреди претседателот на Владата.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet